Со една чаша квалитетно ЦРВЕНО ВИНО, до подобро здравје!

Умерената консумација на вино превенира кардиоваскуларни заболувања, го намалува нивото на вкупен холестерол, ги подобрува когнитивните способности, ги зголемува имунитетот и отпорноста на организмот од болести.

За фармаколошките дејства на виното најодговорни се полифенолите, особено ресвератролот. Тие се група соединенија што според начинот на дејствување се сместуваат во групата антиоксиданси. Докажано е дека ресвератролот, кој е присутен во грозјето и во виното, го има во 10 пати поголеми концентрации во црвеното вино, отколку во белото. Тој е одговорен за редукција на ризикот од разни болести, особено кардиоваскуларните. Освен ресвератролот, црвеното вино содржи и огромен број и други соединенија, кои влијаат како моќни антиоксиданси.

Алкохолот во умерени количества, освен што ги стимулира варењето на храната, работата на срцето, ја подобрува циркулацијата на крвта, поради што често и лекарите го препорачуваат како важен пијалак за време на оброците.

Антиоксидансите со кои е богато виното ги обновуваат оштетените крвни садови, ги штитат забите од кариес итн. Една чаша квалитетно црвено вино дневно, може да влијае врз нашето здравје, а уживањето при консумација на риба, црвено месо и сирења би било целосно.

Консумирањето вино значително ја намалува можноста за појава на карциноми, го зголемува „добриот холестерол“ (ХДЛ), а истовремено го намалува „лошиот холестерол“ (ЛДЛ). Исто така го намалува и крвниот притисок.
Помага при лош проток на крвта низ артериите, бидејќи ги шири крвните садови со што се подобрува протокот на крвта низ телото. Виното е одлично за анемија, која може да се спречи со консумирање вино во умерени количества.

Виното во мали количества го зголемува либидото. Кога е во прашање виното како афродизијак, умереноста е клучот на ова прашање: потребно е само малку вино, за да се почувствуваат овие ефекти.

Зависно од вкусовите, можете да одберете црвено вино Вранец или Каберне Совињон на Вински подрум Попови, направени со современа технологија од грижливо одбрано грозје!

Нарачајте на www.vinoshop.mk!

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *