Нашата приказна

Вински подрум Попови е мала семејна винарија на фамилијата Попови. Сопствениците Гоце – дипломиран Туризмолог, и Весна Доктор Стоматолог , како големи љубители на виното, во 2017 година, решаваат да ја продолжат традицијата на нивните дедовци, Никола Попов и Ристо Чемерски и да направат мала семејна винарија со капацитет од 6000 шишиња.

Виното се произведува со многу љубов и посветеност, и секое зрно грозје поминува низ рацете на фамилијата Попови. Тероарот на грозјето е од високи места над 450 мнв. Во винскиот подрум се организираат вински дегустации во сала со капацитет до 16 луге.

Исто така, Вински подрум Попови-Wine Cellar Popovi располага со 4 соби за ноќевање комплет опремени со тоалети, мини бар и ТВ, за 8 луѓе.